Што прават Ѓоковиќ и Надал во карантин (ФОТО)

twitter.com/theusapost21

Двајцата најдобри тенисери на денешницата открија како го поминуваат времето во самоизолација.

Поради пандемијата на коронавирусот, тенисот е суспендиран до 7. јуни, а тенисерите се наоѓаат во самоизолација поради секојдневниот раст на заболените од ковид-19 низ целиот свет.

Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ, времето го помина во својот дом заедно со семејството, а на социјалните мрежи објави фотографија со која покажува дека целото време им го посветува на своите две деца. Тој вчера објави фотографија на Твитер на која е маскиран како Капетан кука.


И вториот тенисер на АТП ранг листата, Рафаел Надал, времето го помина во својот дом со сопругата Чиска.

– Денеска готвам за мене и за својата сопруга. Се надевам дека сите сте добри и дека сте во своите домови и се грижите за себе и најблиските – порача Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот