Што е флурона и постои ли опасност од „близначка епидемија“

EFE/GIUSEPPE LAMI -- ATTENTION EDITORS

Флурона претставува истовремена инфекција со коронавирусот и сезонски грип. Името на овој појава потекнува од комбинацијата на зборот „корона“ и зборот „flu“, што на англиски јазик значи грип.

Прв случај на флурона

Првиот случај на флурона беше потврден од израелските власти во четвртокот. Тој е регистриран со родилка во болница во израелскиот град Петах Тиква.

Директорот на гинеколошкото одделение на болницата во Петар Тикви, Арнон Вижницер, изјави дека родилката била позитивна на коронавирус и грип веднаш штом била примена во болница, што подоцна било потврдено со уште едно тестирање за двата вируса.

Заразената жена била невакцинирана против коронавирус и против грип, но имала само благи симптоми и била пуштена од болница во добра состојба.

Ова е прв документиран случај на истовремена инфекција со коронавирус и вирус на грип, но здравствените експерти веруваат дека има и други кои не се официјално потврдени. Имало 19 пријави за пациенти со грип и со ковид-19 во САД во пролетта 2020 година.

Страв од „близначка епидемија“

Израелското Министерство за здравство го истражува случајот и се обидува да утврди дали комбинацијата на двата вируса може да предизвика посериозни симптоми.

Експертите предупредуваат дека истовремената зараза со грип и со некои други респираторни вируси секако го ослабува организмот и имунолошкиот систем.

Дури и кога не се наоѓаат истовремено во едно тело, појавата на два вируса во ист период може да направи сериозни проблеми за здравствените системи кои веќе се оптоварени. Во Израел во изминатите недели е зголемен бројот на заболени од сезонски грип. Минатата недела, 1.849 Израелци биле примени во болниците со грип, меѓу кои 605 деца и 124 трудници и родилки.

Затоа здравствените власти во Израел стравуваат од појава на „близначка епидемија“ (twindemic), односно истовремена епидемија на коронавирусот и сезонскиот грип. Се стравува дека големиот број случаи на грип и ковид-19 би можеле да ги преоптоварат болниците, што беше спречено минатата година со ригорозни епидемиски мерки ширум светот.

Исто така, се претпоставува и дека истовремено голем број заразени со коронавирус и сезонски грип ќе доведе и до зголемен број на случаи на флурона, односно дека сѐ повеќе луѓе ќе се заразат и со комбинацијата од двата вируса.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот