Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDb

Како и секој петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите се секогаш резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои со сигурност нема да ве остават рамнодушни.

I Came By – Филм на „Netflix“

Приказната следи млад графити уметник кој открива шокантна тајна што би ги ставила во опасност него и неговите најблиски.

Жанр: трилер / IMDB оценка: 6.2 / Rotten tomatoes рејтинг: 58%

Echoes – Серија на „Netflix“

Идентичните сестри близначки Лени и Џина решаваат да ги заменат своите животи. Сепак, кога една од близначките ќе исчезне, следат страшни последици што предизвикува брзо распаѓање на нивните животи.

Жанр: драма / IMDB оценка: 5.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 28%

Next Door – Филм на „HBO“

Даниел е филмска ѕвезда навикната на успех. Неговиот стан е стилски, а исто како и неговата сопруга, а дадилката ги држи децата под контрола. Прeд да замине на аудиција во Лондон каде го чека улога во американски филм за суперхерои, Даниел се среќава со Бруно…

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 70%

The Thaw – Серија на „HBO“

Катарзина го истражува убиството на една млада жена, чие тело е пронајдено на брегот на реката Одра и која родила дете кое исчезнало непосредно пред нејзината смрт.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.7 / Rotten tomatoes рејтинг: /

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот