Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

нетфликс
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Stay Close – Серија на „Netflix“


Животите на урбаната мајка Меган со сомнително минато, фотографот Реј и детективот Мајкл ќе бидат буквално распарчени кога низа случувања ќе отворат стари рани, заканувајќи се дека ќе ја разоткријат вистината.

Жанр: мистерија / IMDB оценка: 7 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

Shiva Baby – Филм на „HBO“

Младата еврејка Даниел има непријатна средба со нејзиниот постар партнер Макс и неговата поранешна девојка за време на погреб со своето пошироко семејство.

Жанр: комедија / IMDB оценка: 7.2/ Rotten tomatoes рејтинг: 97%

Death to 2021 – Филм на „Netflix“

Сатиричен поглед на стравот и повремените задоволства кои ни ги донесе 2021 година. Приказ на архивски снимки и коментари од серија измислени ликови кои ги дискутираат вестите, пандемијата, дезинформациите за вакцините и технологијата.

Жанр: сатиричен документарец/ IMDB оценка: 6.3 / Rotten tomatoes рејтинг: /

A Very British Scandal – Серија на „HBO“

Приказната за настаните околу озлогласениот развод на војводата и војвотката од Аргил во текот на 1960-тите. Драматизација на скандалозната разделба на Маргарет и Иан Кембел, 11-тиот војвода од Аргил и целото медиумското лудило.

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 90%

 

Доколку не се инспириравте од овие предлози, ѕирнете ги насловите од минатите препораки ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот