Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

hbo netflix
Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд? / Фото: Принтскрин/IMDB

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

And Just Like That – Серија на „HBO“

Старите пријателки Кери, Миранда и Шарлот транзитираат од пријателството што го имале во нивните 30-ти во покомплицираната реалност на нивната сегашност и пријателство во нивните 50-ти.

Жанр: комедија/драма / IMDB оценка: 6.5 / Rotten tomatoes рејтинг: 64%

Single All The Way – Филм на „Netflix“

Во очај да го избегне судот на неговото семејство дека нема партнер, Питер го убедува својот најдобар пријател Ник да се претстави како негов дечко на патување дома за празниците.

Жанр: романтична комедија  / IMDB оценка: 6.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 65%

The Killing of Two Lovers – Филм на „HBO“

Еден човек очајнички се обидува да го задржи своето шестчлено семејство заедно за време на разделбата од неговата сопруга. И двајцата се согласуваат да се гледаат со други луѓе, но тој се бори да се помири со нејзината нова врска.

Жанр: драма/мистерија / IMDB оценка: 6.9 / Rotten tomatoes рејтинг: 93%

Unbelievable – Серија на „Netflix“

Кога една тинејџерка ќе пријави дека е сексуално злоставувана, а потоа ќе се откаже од својата приказна, две женски детективки следат докази што би можеле да ја откријат вистината. Базирана на вистинска приказна.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.4 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот