Штипски крадец фатен на дело во уметничка галерија, полицијата се сомнева дека не му била прва „посета“

Фото: Википедија/Stotosenik

Крадец од Штип бил фатен на дело додека краде во уметничката галерија во градот, а полицијата се сомнева дека тој и претходно „оперирал“ во галеријата.

„На 03.01.2022, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Н.(26) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кражба во Уметничката галерија Безистен во Штип. Исто така, тој се сомничи и дека претходно во неколку наврати извршил кражби во галеријата, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и биле предадени на Националната установа завод и музеј Штип“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против С.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот