„Шпионска афера“ во Србија: „На Русија не ѝ одговара „малиот Шенген“ и можен договор со Приштина

Фото: Принтскрин/Слободен печат

Новинарот и политички аналитичар Милован Јовановиќ смета дека на Русија не ѝ одговора стабилна Србија која се стреми кон влез во Европската Унија и која има повеќе од добра соработка со земјите од НАТО, пренесе „Блиц“.

– На Москва никако не ѝ одговара постигнување на договор со косовските Албанци и реализација на прокетот „мини Шенген“. Руските агенти ќе направат сѐ за да не дојде до тоа – тврди Јовановиќ во изјава за „Танјуг“ по повод актуелната „шпионска афера“ во која како актери се означени руски разузнавач и српски офицер.

Јовановиќ додава дека руската агресија против ЕУ реализира стратешки притисоци на Балтикот и Балканот, со поткопување на европските иституции и системи на вредности.

Според неговите зборови, Русија разви импресивни инструменти за делување во странство, користејќи ги сите средства за да ги поткопаа демократските институции и трансатлантските сојузи.

Јовановиќ смета дека кампањите за ширење на дезинформации и сајбер-напади, како и сѐ посилните разузнавачки активности на Балканот, особено во Србија, Македонија и БиХ имаат за цел овој дел од Европа да остане нестабилен, скаран и економски слаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот