„Шпигел„: Летовите од Москва кон европските градови се распродадени, додека Вагнер се приближува кон главниот град на Русија

Фото: Профимедиа

Летовите од Москва до други држави во Европа се распродадени во услови кога членовите на паравоената група „Вагнер“ се приближуваат кон главниот град на Русија, пишува „Шпигел“.

Според германскиот весник, билетите за директните линии од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни.

Во исто време, мапите на Гугл покажуваат дека автопатот М4, јужно од Москва, по кој патуваат бунтовниците на Вагнер, е затворен.

Во меѓувреме новоизбраниот претседател на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека неговата земја ја зајакнала безбедноста на своите граници, соочени со тековниот бунт во Русија, и дека повеќе нема да им дозволува на Русите да влезат на нејзина територија.

„Летонија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија. Безбедноста на границата е зајакната“, објави тој на Твитер и додаде дека издавањето визи и влезот на Русите кои ја напуштаат Русија поради акуелните настани, се суспендирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот