ФОТО | Шпанската кралица во Загреб: Луѓето не веруваат колку е поубава во живо

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Шпанскиот крал Филип Шести и кралицата Летиција присуствуваа на гала вечера во Загреб организирана од претседателот Зоран Милановиќ и неговата сопруга Сања Мусиќ Милановиќ во нивна чест.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Кралицата Летиција, која заедно со принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, важи за стилска икона, за оваа свечена пригода избра црн фустан со едно рамо, а посебен шарм на овој едноставен аутфит дава сребрениот детал што го придружува фустанот.

Фото: Принтскрин – Инстагран

Целиот изглед на шпанската кралица беше комплетиран со ефективна шминка и сребрени обетки.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Таа во свечената сала на кабинетот на претседателот на Хрватска ги украде сите симпатии на присутните, а луѓето не можеа да поверуваат колку е поубава шпанската кралица во живо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот