ШПАНЦИТЕ ВО ЧУДО: Надал загуби после скоро 16 години! (ВИДЕО)

фото: твитер

Белгија успеа да израмни против „црвената фурија“, во третиот меч во двојки ќе се одреди последниот полуфиналист во АТП купот.

Ова на првиот светски рекет не му се случило скоро 16 години, Рафаел Надал е поразен од Давид Гофан во рамките од тенискиот АТП куп за репрезентации. Шпанецот доживеа неуспех во дресот на својата на национална репрезентација за првпат од 2004. година.

Последен пат како репрезентативец на Шпанија е поразен на 6. февруари 2004. година од Јиржи Новак, тогаш како член на Дејвис куп тимот на својата држава имаше 18 години.

Во вториот меч помеѓу селекциите на Шпанија и Белгија, Надал беше поразен од Гофан со резултат 2:0 по сетови 6:4 и 7:6.

Претходно Роберто Баутиста Агут со 6:1 и 6:4 беше подобар од Кимер Копејанс, па учесникот во полуфиналето (каде што чека Австралија) ќе се дознае после натпреварот во двојки.

Во втората полуфинална средба од натпреварувањето силите ќе ги одмерат Србија и Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот