Шпан: Германскиот здравствен систем може да се справи со бројот на нови случаи од Ковид-19

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан/ Фото: МИА

Според податоците на Институтот Роберт Кох во Германија, по три месеци бројот на новозаразени повторно надмина бројка од 1.000 лица на дневно ниво.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан истакна дека Германија не го надминала „критичниот праг”, поради бројот на нови пациенти од Ковид-19, што повторно надмина 1.000  заболени  лица дневно.

– Во моментов се уште сме на ниво со кое здравствениот систем може да се справи, изјави Шпан.

Шпан истакна дека ако сега се стабилизира бројот на одредено ниво, тогаш здравствениот систем нема да има проблем.

– Здравствениот систем може да се справи со бројка од 1.000 нови заразени. Но, ако бројките и понатаму растат тогаш ќе мораме да бидеме свесни, за да не бидат потребни понатамошни мерки, изјави Шпан.

Според податоците на Институтот Роберт Кох во Германија, по три месеци бројот на новозаразени повторно надмина бројка од 1.000 лица на дневно ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот