ВИДЕО: Шортс солиден, Париз немоќен на гости кај Звезда
Репрезентативецот на Македонија, Ти-Џеј Шортс одигра уште еден солиден натпревар во дресот на Париз, но тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот во Белград од Црвена Звезда.
Париз добро го започна натпреварот и поведе со 25:15, но Звезда во втората четвртина одговори и на полувремето на семафорот резултатот беше изедначен (39:39).
Во второто полувреме Звезда продолжи со подобрата игра, а Париз не успеа да се врати во натпреварот. На крајот победата на „црвено-белите“ беше и убедлива од 85:69.
Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со 17 поени и четири асистенции. На спротивната страна во победничкиот табор Ајзеа Канан беше најефикасен со 15 поени, три скокови и две асистенции.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Анадолу Ефес – Лион 76:82
Жалгирис – Реал Мадрид 64:83
Олимпијакос – Баерн 112:69
Виртус – Басконија 76:74