Шолц ја повтори поддршката за отворањето на преговорите меѓу БиХ и ЕУ

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германскиот канцелар Олаф Шолц во своето обраќање во Бундестагот уште еднаш го поддржа отворањето на преговорите меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија. Сепак, во пресрет на самитот на Советот на ЕУ, се уште има многу скептицизам.

Во соопштението на германската влада по повод самитот на Советот на ЕУ в четврток и петок, германскиот канцелар Олаф Шолц го поддржа отворањето на преговорите меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија за полноправно членство.

Шолц нагласи оти е горд на фактот што развиле ново темпо во процесот на приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, но додаде дека процесот трае „многу долго“.

-Сега Европската комисија предложи отворање преговори за Босна и Херцеговина. Ова е јасен сигнал дека ЕУ се прилагодува на новонастанатата ситуација. Мировниот проект на Европа ќе биде силен во светот што се менува, рече Шолц за време на своето обраќање, во кое само накратко се осврна на прашањето за Босна и Херцеговина и отворањето на преговорите, а во најголем дел зборуваше и за политиката на Германија кон војната во Украина и појасот Газа.

Во соопштението на пратеничките групи на владејачките партии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Зелените и Либерално-демократската партија (ФДП), се нагласува дека Германија и Европската унија стојат зад ветувањето дадено на земјите на Западен Балкан во 2003 година на самитот во Солун.

Бундестагот го нагласува својот интерес за интеграција на Босна и Херцеговина во Европската Унија и ќе продолжи да ја поддржува оваа земја и нејзините граѓани на тој пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот