Шокантно: Се разбудил жив во мртовечница кога почнале да го сечат, Кениец ги распамети лекарите

Шокантно видео доаѓа од Кенија каде маж, три часа откако го прогласиле за мртов се разбудил на масата во мртовечницата.

Станува збор за 32-годишниот Петер Киген кој имал стомачни проблеми, па се онесвестил во семејниот дом, и итно е префрлен во локалната болница Керичо, јавуваат локалните медиуми. Веднаш потоа лекарот го прогласил за мртов.

Кратко откако е префрлен во болница, го шокирал персоналот во мртовечницата кога наеднаш се разбудил и почнал да вика од болка зошто во тој момент медицинските работници му направиле рез на десната нога. Случајот локалната телевизија го објави со интересен наслов: „Питер Киген е човек кој отиде по пеколот и назад“.

Помладиот брат на Кениецот за весникот „Стандард“ изјавил дека медицинската сестра им рекла дека пациентот умрел уште пред тие да стигнат на одделението за итни интервенции, пренесува Дејли Мејл.

Поради пропустите семејството на Киген сега бара правда и ја обвини локалната болница за неодговорно лекување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот