Шокантно: Ништо повеќе не шокира

шок
Фото: Профимедиа

Овие денови целата некогашна револуционерна идеологија е веќе доминатно банализирано секојдневие. Улиците, продавниците, списанијата, блоговите, сè е преплавено со имиџот на бунтовничката енергија на генерациите од изминатите декади која веќе повеќе сезони е омилено прифатен меинстрим. Парадокс сам за себе или реален пат на нештата?

Реално гледано денес освен што коментираме кога некој не знае да се облече, веќе не реагираме на разновидните, не секогаш успешни обиди за стилски комбинации кои се почесто ги гледаме по блоговите и на улиците. Кој знае што би требало сега да биде навистина посебно за да се згрозиме на начин на кој пуританците се згрозуваа на зихернадлите, тетоважите, пирсовите и распараните фармерки на панкерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hammers65 (@65crypto)

Панкот во тоа време беше повеќе од реакција на неколкумина дежурни критичари. Панкот предизвика гнасење, сомнеж, презир па дури и страв кај вечните бепрекорни души кои не ја разбраа неговата суштина. Панкот беше само начин на изразување на незадоволството покрај своето недозволиво однесување и музика со кои подеднакво ја шокираа јавноста но и ги импресионираа младите.

Во 60-тите и 70-тите години од минатиот век навистина не беше тeшко да се шокира јавноста. Во тоа време луѓето беа далеку поконзервативни, правилата на однесување построги. и воопшто тоа време беше некако пуритански настроено. Доволно е да се потсетиме дека шеесетите беа време на револуционерни години на студенски просветленија, бејби пилули, сексуална револуција и многу модни скандали (како звонарките и минито на пример) за да сфатиме како сега живееме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Level21 Magazine (@level21mag)

Во тоа време многу што од она што денес го земаме како секојдневно беше во најмала рака непримерно. Раскалашеост беше придавката со која многу од сето тоа со презир се коментираш, особено во однос на женското однесување и облекување. Денешното основно правило стана дека правилата смеат да бидат прекршени. Во однос  на облекувањето, денес многу малку од сето тоа може да не шокира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vivienne Westwood (@viviennewestwood)

Беше битна побуната, сосем небитно на кој начин. Се разбира дека тоа овозможи широк простор на ангажираност на медиумите кои на панкот му даваа огромна доза на внимание но во најголема мера погрешно го интерпретираа.

На “обичниот народ” едноставно не му беше јасно зошто некој би се однесувал на тој начин. Го нарекуваа тоа непристојност, насилство и деструкција воопшто не помислувајки да загребат под површината. Да се запрашаат против што тие млади се бунат? Дали се во право? Веројатно малкумина си ги поставувале овие прашања во тоа време, зошто ако да, тогаш голема е веројатноста дека би се сложиле со нив.

Но, како што обично бидува, најчесто некритички се прибегнува кон осуда и критика во оној момент на загрозеност кога некој се обидува да го раздрма “прифатливиот” систем на вредности.

Сега останува прашањето зошто во оваа консталација на одредениот вредносен систем една бунтовничка идеологија се престори во меинстрим широкоградо прифатен од младите без желба за иманентната потреба од енергија за менување на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vivienne Westwood (@viviennewestwood)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот