Шок во Турција, Дизни+ го откажа емитувањето на документарец за Ататурк

Turkish flag with the image of Mustafa Kemal Atatürk, Turkey,Slika: 214585451, licenca: Rights-managed, ograničenja: , oslobađanje modela: no, Credit line: Michael Nitzschke / imageBROKER / Profimedia

Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) ја критикуваше објавената одлука на претплатничката платформа Дизни+ да не емитува документарен филм за основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Турскиот совет за радиодифузија истакна дека ги испитува извештаите во турските и ерменските медиуми.

Во јуни, Ерменскиот национален комитет на Америка (ANCA) го повика Дизни+ да не ја емитува серијата, велејќи дека таа „го величи турскиот диктатор и геноцидот“.

Минатиот месец турскиот огранок на Дизни + објави дека серијата Ататурк ќе се емитува „многу наскоро“.

„Оригиналната серија #Ataturk ќе биде прикажана многу наскоро, на 100-годишнината од нашата Република“, стоеше во објавата на X (поранешен Твитер).

Ебубекир Сахин, претседател на Турската радиодифузна корпорација (РТУК), синоќа изјави дека се разгледуваат извештаите дека серијата нема да се емитува, опишувајќи го Ататурк како „наша најважна општествена вредност“.

Омер Челик, портпарол на партијата АКП на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ја осуди пријавената одлука на Дизни + да не ја емитува серијата, објавувајќи преку социјалната мрежа X дека одлуката е „срамна“ и „непочитување“ .

Неколку турски и ерменски медиуми објавија дека Дизни одлучил да го откаже шоуто, при што некои од извештаите нагласуваат дека активностите зад сцената на АНЦА одиграле улога во одлуката.

Дизни Турција денеска објави дека „ја ревидира својата стратегија за дистрибуција на содржини за да допре до пошироката публика“ и одлучи да емитува специјално издание на документарниот филм на телевизиската мрежа ФОКС во Турција, а потоа документарниот филм ќе биде прикажан како два посебни филма во кино.

Во соопштението не е прецизирано дали серијата „Ататурк“ ќе биде достапна на услугата за стриминг Дизни+.

„Како дел од прославата на 100-годишнината, горди сме да објавиме дека ќе го донесеме Ататурк до уште повеќе луѓе почнувајќи од октомври на Фокс. Потоа ќе следат кино проекции“ каде гледачите ќе можат да уживаат во двата филма на големото платно, изјави Шанер Ајар, продуцент на документарецот.

Во мај 1915 година, отоманските команданти ја започнале масовната депортација на Ерменците од источна Турција. Ерменија тврди дека околу 1,5 милиони загинале во масакри или од глад и исцрпеност во пустината.

Тогашниот млад полковник Мустафа Кемал – подоцна познат како Ататурк – беше командант во кампањата на Галиполе во Првата светска војна во 1915 година.

Масакрите од 1915 година се признати како геноцид во десетици земји. Турција негира дека убиствата биле систематски или дека тие претставуваат геноцид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот