Шок бомбите и солзавецот го спречуваат напливот на мигранти од Турција

Фото: Mikhail Voskresenskiy / Sputnik / Profimedia

За разлика од нашата јужна граница каде засега ситуацијата е мирна и не се регистрирани инциденти, тензиите на грчко-турската граница не стивнуваат. Припадниците на грчките безбедносни служби со шок бомби и солзавец се борат против напливот на мигранти, кои чекаат евентуално решение на кризата и отворен пат кон западна Европа.

Решение за бегалската криза засега нема на повидок ниту по посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Брисел, каде што европските лидери порачаа дека Ердоган мора да го почитува договорот од 2016 година.

За идната недела Ердоган најави посета на земјата од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел со цел продолжување на разговорот во обид да се изнајде решение за проблемот со мигрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот