Шминкерот на Џенифер Лопез укажува на грешките што жените несвесно ги прават

profimedia

Лицето на Џенифер Лопез секогаш изгледа совршено, а сето тоа благодарение на спретните раце на Скорт Барнс. Тој веќе со години е задолжен за шминката на пејачката, а сега ги сподели и грешките што жените најчесто ги прават и поради тоа изгледаат неколку години постари.

Шминката може да го нагласи она што е најубаво на нас, но и да направи да изгледаме уморно и нечисто.

Еве што советува Барнс за да не згрешите при шминкањето и да не му „додадете“ повеќе години на вашето лице.

Контурирањето на лицето е техника што може да го трансформира целиот изглед на лицето, но само ако се користи на вистинскиот начин. Во спротивно ќе изгледате смешно.

profimedia

Одличен начин вашето лице да изгледа уморно и нечисто е недоволно соединета сенка. Нанесувањето боја на очите е вистинска уметност, а сите бои мора совршено да се прелеваат без видливи премини. Доколку изостане овој чекор, очите ќе изгледаат уморно и безживотно. Доколку на сето тоа нанесете и голема количина сенка, визуелно ќе изгледа како да имате брчки околу очите.

Внимавајте на тонот и поттонот на вашата кожа кога одбирате боја на пудра, руменило или сенка. Ова е особено важно при изборот на руменило. Не постои полесен начин да му додадете неколку години на лицето од лошиот избор на нијанси. Распрашајте се кои бои му стојат на вашиот тип кожа, па тогаш тргнете во шопинг. Вистинското руменило ќе му даде свежина на лицето и ќе го нагласи на вистинскиот начин.

Доколку нанесете хајлајтер над јагодиците, лицето ќе ви изгледа блескаво. Во сите останати случаи ќе направите голема грешка. Уште една грешка при нанесувањето хајлајтер е ставањето премногу производи. Повеќе слоеви од кој било производ ќе направи лицето да ви изгледа постаро од што навистина е.

Слоевите шминка никогаш не се добра опција, особено не за дневни активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот