Шкупи со пресврт до врвот, Алварез двоен стрелец против Академија Пандев

Шкупи славеше во дербито со Ренова/Фото: fcshkupi1927

Се комплетираше осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, во последниот натпревар Шкупи како гостин славеше кај Академија Пандев со 1:3.

Ова е петта победа за клубот од Чаир и моментно го дели првото место во генералниот пласман со Ренова со по 17 бодови.

Од друга страна, „пандевци“ кои имаат одличен старт во шампионатот, на последните четири мечеви резултатите не им се најдобри, имаат само една победа, два порази и едно реми за четврта позиција со 14 бодови.

На денешниот дуел мируваа мрежите во првото полувреме, но затоа во второто играчите на теренот беа расположени за погодоци.

Најпрвин поведе Академија Пандев во 49 минута со голот на Мирчевски од пенал, но фудбалерите на Гоце Седлоски направија целосен пресврт во последните 15 минути од средбата кога два гола беа дело на интернационалецот од Костарика Алварез и еден на Ѓорѓиевски.

Во претходните мечеви Ренова и Тиквеш забележаа убедливи победи, а ремизираа Работнички и Пелистер.

Табела во 1МФЛ после осум кола: Шкупи 17 бодови, Ренова 17, Работнички 15, Академија Пандев 14, Струга Трим Лум 13, Шкендија 11, Брегалница Штип 10, Македонија ЃП 9, Скопје 8, Борец 7, Тиквеш 5, Пелистер 3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот