Шкупи „гази“ во Првата лига, пукна „петарда“ во мрежата на Брегалница

Шкупи ја забележа и шестата победа по ред во македонскиот фудбалски шампионат/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Се одигра првиот натпревар од 12 коло во Првата македонска лига, Шкупи како домаќин со убедливи 5:0 славеше над Брегалница од Штип.

Тоа е веќе шеста победа по ред (вкупно осма ако се земат во предвид и двете во Купот) за клубот од Чаир во првенството и моментно прво место во генералниот пласман со 29 бодови, осум повеќе од второпласираната Ренова која има меч помалку.

Гол серијата ја стартуваше Цветаноски во осмата минута, после половина час игра за зголемување на предноста се погрижи Рватубјаје, интернационалецот од Руанда.

На пет минути пред паузата Нигериецот Адетунџи стрелаше и за 3:0 тука веќе сите дилеми беа решени околу победникот.

Во второто полувреме домаќините постигнаа уште два гола, Цветаноски во 61 минута и по вторпат се запиша во листата на стрелците, а конечниот епилог интернационалецот од Костарика Алварез го постави 180 секунди подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот