Шилегов: Улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не била избришана во Скопје

Фото: Фејсбук/Петре Шилегов

Улицата „Втора македонска бригада“ никогаш не била избришана, туку само преместена на друга улица, објави на својот фејсбук профил поранешниот градоналачникот на Скопје Петре Шилегов.

„Улицата ‘Втора Македонска бригада’ никогаш не беше избришана во Скопје. Втората македонска бригада е дел од најсветлата македонска историја. Историјата на НОБ и партизанското движење. Така било, така и ќе остане. Популистичките изјави од која било страна, се резултат на тотална неинформираност или свесна манипулација со јавноста. Ја нема таа сила која што мене би ме натерала да се откажам од светата борба за национална слобода на македонскиот народ, објави Шилегов на фејсбук.

Поранешната ул. “Ловќенска 9”, се вика улица Втора Македонска бригада.Но, како што веќе беше кажано од моја страна, национализмот (чиј и да е) е прибежиште на наспособните, додава Шилегов.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која сега го носи името на „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена, соопштија од Градот Скопје

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи“, изјави Арсовска.

Арсовска со иницијатива за враќање на името „Втора македонска бригада“, предлага во Приштина да биде именувана улица по Тодор Александров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот