Арсовска со иницијатива за враќање на името „Втора македонска бригада“, предлага во Приштина да биде именувана улица по Тодор Александров

Фото: Официјална Фесбук страна на Данела Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која сега го носи името на „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена, соопштија од Градот Скопје

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи“, изјави Арсовска.

Таа ја осуди како што рече националистилката реторика на косовскиот премиер Албин Курти.

„Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на Косовскиот премиер Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по Македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев” посочи Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот