Шилегов: Предвремените избори ќе го закочат процесот на децентрализација

Започнавме разговори со Владата за процесот за децентрализација, и на ниво на држава и на ниво на Град Скопје, вели Шилегов за медиумите.

-Проблем се појавува затоа што не е решено финансирањето. На општините им се изедначени правата и обврските без оглед на приходот- рече Шилегов.

Тој додаде дека ќе направат измени во таа насока, со што би се постигнало, обврските да се поделат на облигаторни и на ниво на прифаќање.

-Мене ми е криво што процесот на децетрализација што почна во 2005 година, заврши во 2006 година без да биде финиширан во целост. Сега повторно ќе биде запрен поради предвремените избори, но јас сум убеден дека колку повеќе децентрализирани, толку подемократски ќе бидат општините- додаде Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот