Шестмина осомничени се приведени поради пожарот во кој загинаа 24 лица во Истанбул

Шестмина осомничени се приведени поради пожарот што се случо во ноќен клуб во истанбулскиот кварт Бешикташ, во кој загинаа 29 лица, јавиваат турските медиуми.

Полицијата го приведе управителот на објектот И.С.(65) и неговите деловни партнери М.М.Ц.(45) и С.С.(50), сметководителот С.А.(39), управителот А.А.П(26) и надзорникот на метални работи К.Е.(47), а по апсењето било констатирано дека некои од приведените имале претходни криминални досиеја, јавува агенцијата Анадолија.

Според официјални информации споделени од турските власти 29 лица ги загубија животите во пожарот што изби во 16-катница, но се уште не е јасно што го предизвикало пожарот.

Се вели дека пожарот избувнал за време на реновирањето во ноќниот клуб.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот