Шеста „Златна топка“ за Лионел Меси! (ФОТО+ВИДЕО)

фото:твитер

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на Аргентина годинава е добитник на „Златната топка“ во изборот на „Франс Фудбал“.

Во неделата прекрасен победнички погодок имаше Лионел Меси во важниот триумф на Барселона во шпанската „Ла Лига“ на гостувањето кај Атлетико Мадрид (0:1).

Денеска уште поголем ден за Аргентинецот кој вечерва на свечената церемонија во Париз (Франција) ја освои рекордната шеста „Златна топка“.

Оваа награда ја освојуваше од 2009. до 2012. година, и уште еднаш во 2015. година.

Минатата сезона феноменалниот напаѓач го освои шпанското првенство со Барселона, а со Аргентина стигна до полуфиналето на „Копа Америка“ каде го освои третото место.

На четвртото место во изборот се најде Садио Мане, трет заврши Кристијано Роналдо, а втор Виржил ван Дајк.

Меси на тој начин е моментно единствениот играч во фудбалската историја кој шестпати ја освоил оваа награда, и е сега пред Кристијано Роналдо кој има пет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот