Шест сообраќајки зА 24 часа во Скопје – Слободен печат
Хроника

Шест сообраќајки зА 24 часа во Скопје

Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.

Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно шест сообраќајки во текот на вчерашниот ден, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 76 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, еден возач за неправилно престигнување,  седум возачи за не носење заштитен шлем, 13 возачи за не  користење сигурносен појас и 14 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 15 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 76 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 63 возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close