Шест полицајки обвинуваат дека повеќе од една година биле изложени на сексуално вознемирување и мобинг

Шест полициски службенички вработени во МВР, повеќе од година дена биле изложени на сексуално вознемирување и полово дејствие со закани и континуирано психичко малтретирање, понижување и повредување на нивното достоинство со притисоци на работно место од страна на раководно полициско лице во полициска станица, објави ТВ24.

Случајот полициските службенички го пријавиле во МВР, дел од нив усно а дел и писмено се обратиле но крајниот исход и понатаму бил ист, продолжување на сексуалното вознемирување од страна на раководното лице.

Едната од полицајките се реши да проговори пред камера но со скриен идентитет бидејќи се плаши за нејзиниот професионален интегритет, го повика ОЈО и останатите надлежни институции да го расветлат случајот, јавува ТВ24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот