Шест мртви во бомбашки напад во Лахоре (ВИДЕО)

Фото: ЕПА

Најмалку шест лица загинаа утрово во експлозија близу големиот суфиски муслимански храм во пакистанскиот град Лахоре, соопшти пакистанската полиција.

Експлозијата се случила во близина на храмот Дата Дарбар, еден од најстарите муслимански светилишта во Јужна Азија, додека внатре имало стотина верници, пренесува АП.

На видео снимките се гледа уништено полициско возило за кое официјалните лица изјавија дека било мета на нападот.

За сега никој не ја преземал одговорноста за нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот