Шерон Стоун за нејзиниот статус на секс-симбол: Сите ми кажуваа што не е во ред со моето тело

Фотографија: YouTube

Актерката Шерон Стоун тврди дека, без разлика на тоа што важела за една од најсексапилните жени во светот, сепак трпела критики на сметка на својот изглед, и за време на снимањето на „Основен инстинкт“, кој ѝ  го донесе статусот на секс-симбол.

Шерон Стоун вели дека дури сега, на 60 години, почнува вистински да си го сака своето тело, пишува Дејли мејл.

„Сè повеќе го сакам своето тело… Толку многу сум благодарна за него“, рекла за „Алур“.

„Кога бев помлада, сите ми кажуваа што не е во ред со моето тело – премногу ова, премногу она. Кога го снимав „Основен инстинкт“, ангажираа шминкер кој секој ден ставеше килограми шминка на мене и секој ден одев во приколката и ја бришев“.

Таа вели дека односот кон неа бил прилично лош, посебно односот на ѕвездата Мајкл Даглас.

Фотографија: Profimedia

„Не ми беше дозволено да го одберам својот шминкер, ниту пак моето име беше на постерот“.

Шерон Стоун додава дека филмот „Основен инстинкт“ не само што ја променил нејзината кариера, туку и многу работи во светот.

„Мислам дека „Основен инстинкт“ се сними во вистински момент во историјата, бидејќи ги зафаќаше сите наши стравови и сомнежи, моментот на промена за моќта на жените“, наведува таа.

„Ми велеа да уживам во секоја секунда и секој момент бидејќи за мене ќе нема место во оваа индустрија кога ќе остарам.“

Таа објаснува како нејзините 40-ти биле можеби најтурбулентните години, бидејќи скоро никаде не работела, доживеала тежок мозочен удар поради кој морала повторно да учи да зборува и да оди, а поминувала и низ борбата за старателство.

„И покрај сето тоа, тоа беше еден од најдрагите периоди во мојот живот. И покрај тоа што на никого не му се допаднав, ниту некој ме канеше на состаноци, бидејќи кој би сакал жена што е мајка на три деца. Тоа беше период на прифаќање на себеси, запознавање и разбирање на себе и своите потреби“, раскажува Шерон Стоун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот