Мостот Амбасадор сега е целосно отворен, соопштија канадските власти/Фото: EPA-EFE/VALERIE BLUM

Шефот на полицијата во Отава поднесе оставка, сè поголем притисокот врз Трудо

Шефот на полицијата во Отава, Питер Слоли, денеска поднесе оставка откако беше критикуван за неактивност за време на протестите на камионџиите, што го парализираа главниот град на Канада.

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ги активираше овластувањата за итни случаи за да ги смири протестите на возачите на камиони и другите кои го парализираа главниот град Отава и ги блокираа граничните премини поради ограничувањата и вакцинацијата против ковид-19.

Трудо презеде досега невиден чекор со кој најави замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се противат на епидемиолошките мерки. Во согласност со новите мерки, банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на секој поврзан со протестите, дури и без судски налог.

Трудо најави замрзнување на банкарските сметки на демонстрантите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот