Фото: Брера Струмица/ФБ

Шефки Арифовски ќе ја води АП Брера на мечот против Пелистер

Се ближи крајот на натпреварувачката сезона 2025/26 во Првата македонска лига, а во фудбалскиот клуб АП Брера се случи промена на тренерската клупа.

Замина досегашниот тренер на струмичката екипа, Мартин Алаѓозовски, кој поднесе оставка по убедливиот пораз од Силекс во Кратово (4:0).

На денешниот натпревар против битолски Пелистер тимот на АП Брера ќе го предводи искусниот Шефки Арифовски. Тој подолг период е во клубот, и досега работеше со фудбалерите, па нема да му биде новина и ако застане да ги предводи од клупата.

Три меча без победа е лошата низа на АП Брера, а до крајот на првенството има и непријатен распоред, па затоа новиот меч против Пелистер е означен како „финале“.

– Се размислува само за трите бода. Играме на домашен терен и мора тоа да го искористиме – порачуваат од струмичкиот тим.

Натпреварот меѓу АП Брера и Пелистер ќе се игра од 16.00 часот, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот