Шефицата на австриските социјалдемократи на мета на критики поради тоа што одморот го минала во Сен Тропе

Фото: Принтскрин

Фотографијата на шефицата на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) Памела Ренди Вагнер од еден престижен и луксузен клуб во монденското летувалиште во Франција, Сен Тропе, предизвика бура во јавноста.

Еден австриски турист ја фотографирал Вагнер во локал, каде најчесто одат филмски и музички ѕвезди, и каде лежалка покрај море чини 100 евра дневно.

Тоа што лидерката на СПО престојувала во толку скап објект предизвика бура негодување на социјалните мрежи, каде корисниците коментираат дека тоа не личи на социјалисти или дека „социјалистите вообичаено другите ги напаѓаат за така луксузни одмори“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот