Шеф на американската Стратешка команда: Постои „вистинска можност” за нуклеарна војна со Кина или Русија

Фото: militarytimes.com

Шефот на Стратешката команда на САД, адмирал Чарлс Ричард соопшти дека е можна нуклеарна војна со Русија или со Кина. Тој ја изнесе својата оценка во напис за февруарскиот број на официјалното издание на американскиот поморски институт.

Ричард забележува дека по распадот на Советскиот Сојуз, Пентагон не морал да ја разгледува можноста за директна воена конфронтација со нуклеарна држава, но ситуацијата сега е променета.

– Постои реална можност за регионална криза со Русија или со Кина која брзо би можела да прерасне во конфликт со употреба на нуклеарно оружје, ако, според нив, постои закана за политичкиот систем или за државата во случај на пораз при употреба на конвенционално оружје, напиша Ричард.

Според адмиралот, не треба да се исклучи можноста дека потенцијален противник може да го искористи својот нуклеарен арсенал. Додека Министерството за одбрана на САД, додава Ричард, се фокусира на борба против тероризмот, Русија и Кина водат агресивна политика, оспорувајќи ги меѓународните норми на начини што се невидени од екот на Студената војна. Според мислењето на американскиот адмирал, ваквите постапки не треба да останат без одговор од Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот