Шаќири очекува до крајот на септември да бидат доставени сите учебници

Јетон Шаќири - министер за образование и наука / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека економскиот оператор секојдневно доставува учебници, а очекува до крајот на септември да бидат доставени сите учебници.

Како што денеска информираше тој, Националната комисија ги донела последните одлуки и се одобрени учебниците за албански јазик, математика, природни науки, додавајќи дека сега продолжуваат постапките за шесто одделение.

-Ако нема жалбени постапки веднаш и тие учебници ќе продолжат со техничко-графичко регулирање и исто така на печатење, кажа Шаќири.

Тој најави дека наредната недела има точни, детални информации за доставените учебници до секое училиште, она што побарано, колку им се доставени, колку остануваат до крајот на септември да се достават.

-За разлика од претходната учебна година, мислам дека секојдневното доставуваме има училишта каде во делот на организација се доставуваат, има дополнителни барања, но не ги имаат доставено навремено барањата до секторот за педагошка служба. Но, до крајот на септември, транспарентно, детално секој учебник како ќе се достави, кажа министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот