Шакира со очајничка молба за своите синови: Ве преколнувам…

Фото: Инстаграм/Шакира

Шакира неодамна се пресели во Мајами со своите деца по раскинувањето со Жерар Пике. Сега таа се огласи на социјалните мрежи за првпат откако се пресели, а причината за нејзиното огласување е обраќањето до папараците.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Во ова време на промени во мојот живот како јавни личности, разбирливо е дека постои постојана медиумска љубопитност за мене и моето семејство. Меѓутоа, моите деца, Милан и Саша, преживеаја тешка година, трпејќи постојана опсада и немилосрден прогон од папараците и разни медиуми во Барселона“, започнала Шакира и продолжила:

„Сега кога почнуваат нова фаза во животот, ги молам медиумите во име на моите деца да го почитуваат нивното право на приватност. Ве преколнувам да не ги следите до излезот или влезот од училиштето, да не ги чекате на вратата од нашата куќа или следите на нивните воннаставни и рекреативни активности за да добиете што подобри фотографии и снимки, како што се случуваше секој ден во Барселона“, апелирала пејачката.

Шакира сака папараците да престанат да ги снимаат нејзините деца бидејќи сака да им пружи среќен и здрав живот каков што заслужува секое дете.

„Верувам дека новинарите и фотографите се чувствителни на ситуацијата во која се наоѓаат Милан и Саша и дека можат кон нив да се однесуваат на најхуман начин, со оглед на тоа што се работи за здравјето и физичкиот и емоционалниот интегритет на двајца малолетници на возраст од 8 и 10 година.

Тие само сакаат да излезат надвор и да посетуваат училиште и во исто време да се чувствуваат безбедно и безгрижно бидејќи не се прогонувани и изложени на постојан надзор на камерите.

Оваа молба ја упатувам не како уметничка, туку како мајка која сака да ги заштити и да се грижи за менталната и емоционалната благосостојба на своите деца за да можат да живеат здрав и среќен живот каков што заслужува секое дете“, напишала Шакира.

ВИДЕО | Шакира за девојката на Пике: Има место во пеколот за таквите жени

ФОТО | Шакира ја напушти Барселона: Им благодарам на сите што ми ги бришеа солзите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот