Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска повторни упати порака и потсетување до родителите кои користат продолжено породилно боледување и до родителите на децата до шест години, дека треба да се вратат на работа.

– По консултација со Претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за здравство др. Венко Филипче ги информираме родителите кои користат продолжено породилно боледување да се вратат на работа согласно владината одлука донесена на 14 септември оваа година, родителите на децата до шест години да се вратат на работа од 23 септември. Еден месец продолжување на породилното боледување не менува ништо. Како Влада, но и како Министерство, создадовме услови за безбедно сместување на децата во градинките согласно здравствените протоколи. Со нивно почитување ризикот за инфекција со Ковид 19 е сведена на минимум, пишува Шахпаска на нејзиниот Фејсбук профил.

Истовремено, ги информира родителите кои ги изгубиле своите работни места поради продолженото породилно боледување, дека со четвртиот пакет економски мерки, што беа презентирани денеска, се предвидува поддршка за компаниите кои го задржале истиот број на вработени од 31 јули оваа година.

– Тоа значи дека на компаниите им одговара оваа мерка. Живееме во време на пандемија која бара општествена одговорност од секој од нас како поединец и граѓанин на оваа држава, наведува Шахпаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот