Сетиен: Ремито ги намали нашите шанси за титулата!

twitter/Barça Watch

Барселона повторно не триумфираше, откако на домашен терен на „Камп Ноу“ ремизираше во дербито на колото против Атлетико Мадрид (2:2).

Тренерот на Барса, Кике Сетиен, знае дека после ваквиот резултат задачата да се освои титулата во „Ла Лига“ сезонава станува уште потешка.

Моментно каталонскиот клуб е на второто место на табелата со 70 бода, а лидерот Реал Мадрид има 71 пред утрешниот натпревар против Хетафе на домашен терен.

Жално е што не победивме, бидејќи е потешко да се надеваме дека ќе бидеме шампиони. Губењето на бодови ги намали нашите шанси за првото место, но мора да продолжиме да работиме. Атлетико е добра екипа, со одлични играчи. Тие се многу стабилни и не оставаат слободни места. Целосно задоволен од нашата игра, ја контролиравме топката подолги периоди на натпреварот. Вложивме многу напор против исклучително дисциплиниран противник – рече Сетиен.

На прашањето дали е мирен за својата позиција, специјалистот рече дека ја чувствува поддршката на тимот, а исто така одби да коментира дали имало средба меѓу него и раководството на клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот