Сестрата на Роналдо повторно критикува: Ова беше најлошото Светско првенство во историјата

Фото: EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Кристијано Роналдо одигра лошо Светско првенство, освен што Португалија не стигна далеку последните два натпревари Португалецот ги започнуваше од клупата за резерви.

Веќе навикнавме сестрата на Роналдо секогаш да напаѓа преку социјалните мрежи кога работите не одат во посакувана насока за неговиот брат. Претходно го критикуваше селекторот, а сега се огласи и по завршувањето на Мундијалот.

„Искрено, ова беше најлошото Светско првенство, за среќа имавме добро финале. Одличен натпревар, честитки за Аргентина“, објави Катија Авеиро.

Ваквите пораки од семејството на Роналдо и не се неочекувани ако се знае дека неговиот долгогодишен ривал Лиоенл Меси го освои Светското првенство и сега е многу поблиску од него до „најдобар во историјата“. Дефинитивно Меси со освојувањето на Светското првенство, освои и милиони симпатии во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот