Сестрата на покојната актерка Наја Ривера се преселила кај нејзиниот поранешниот сопруг

Instagram

Ѕвездата од серијата „Glee“актерката Наја Ривера трагично почина во јули откако се удави во езерото Пир, каде заедно со нејзиниот син Хозе (4) изнајмиле брод и отишле на пливање. За причината за смртта на 33 годишната актерка се тврди дека станува збор за давење, а целиот случај беше окарактеризиран како несреќен.

Наја
Наја Ривера / Instagram

Откако починала актерката, нејзиното семејство било уништено со недели, а нејзиниот поранешен сопруг актерот Рајан Дорси, со кого се развела неколку години порано, ѝ посветил емотивна порака на социјалните мрежи, во која тој напишал дека непосредно пред несреќата сите пливале заедно и дека тој останал во добри односи со Ривера.

Рајан Дорси / Instagram

Обожавателите на актерката и нивните пријатели биле изненадени од веста дека помладата сестра на Наја, Никајла се преселила кај нејзиниот поранешен сопруг. Но, иако станува збор за по малку необична ситуација и веднаш започнаа шпекулации дека таа е во љубовна врска со поранешниот сопруг на својата сестра, Никајла го негирала сето тоа.

Никајла Ривера / Instagram

„Во најмрачните моменти од мојот живот, единствено нешто што ми е важно се моите пријатели и семејството. Да бидам тука за мојот внук иако не можам да бидам тука ни за себе. Не ме интересира како изгледаат работите во јавноста затоа што никој не може да го види секој тежок момент низ кој поминуваме и да разбере сè. Најважното нешто што го научив од сево ова е да покажувам сочувство, да не им судам на другите и никогаш да не земам ниту еден момент во животот здраво за готово. Се надевам дека сите можете да го направите истото“, изјавила таа.

Наја Ривера со синот Хозе / Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот