Серија А пред одложување?

EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Новата сезона во италијанското првенство може да биде одложена доколку се продолжи трендот на позитивни случаи на коронавирусот.

– Загрижени сме и нема потреба да се крие тој податок. Доколку продолжи да се зголемува бројот на заболени фудбалери на ковид-19 и доколку се продолжи со одложувањето на подготовките, тогаш ќе бидеме приморани да ја одложиме целата сезона– изјави Џани Нани, претставникот на лекарската комисија во Фудбалската федерација на Италија за медицинскиот протокол.

Досега медицинскиот протокол работеше добро во Италија и да се доигра минатата сезона која беше прекината поради пандемијата на коронавирусот.
Но, на почетокот од подготовките за новата сезона се се појавија неколку случаи на позитивни фудбалери на ковид-19 и тоа откако уграчите се вратија од одмор.

– Сфаќам дека не можете да им забраните одмор на младите фудбалери, но се надеваме дека тие ќе бидат внимателни, дека ќе ги почитуваат пропишаните мерки – додава Нани.

Стартот на новата сезона во Серија А е закажан за 19 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот