Серафимов: Ако одиграме како што знаеме, можеме да ја победиме Бугарија

Никола Серафимов/ фото: ФФМ

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за првиот настап по мартовските бараж натпревари за пласман на Светското првенство во Катар и следниот месец ќе ги започнат настапите во новото издание на Лигата на нации. Во првото коло, Македонија на 2 јуни и гостува на Бугарија во Разград, а Никола Серафимов очекува победа на стартот.

– Добро ги почнавме подготовките. Полека се приклучија и најголемиот број на репрезентативците, што значи дека можеме да се подготвуваме на тактички план. Овие четири натпревари ќе се играат во краток период, и ќе бидат предизвикувачки на физички и психолошки план. Знаеме дека сезоната е завршена, но тоа не треба да биде проблем бидејќи секој од нас ќе го даде даде максимумот на овие натпревари. Пред се очекувам да го почнеме овој циклус со добра игра против Бугарија која е квалитетна селекција, но ако одиграме како што знаеме мислам дека ќе ги донесеме трите бода во Скопје. Ние што сме имале мала минутажа во минатото, секогаш сме биле подготвени и секогаш ја чекаме шансата без разлика. Така ќе биде и овојпат, на нас е да бидеме максимално подготвени, и да ја искористиме шансата која ќе ни се укаже – вели Серафимов.

Дефанзивецот смета дека групата е израмнета и дека секој може да победи секого.

– Групата е максимално израмнета, се случуваат чуда во денешно време, ние сме пример за тоа против Италија, а потоа бевме блиску за Светско првенство. Натпреварот се игра на нивен терен, мислам дека шансите за победа се еднакви за двете селекции – додава Серафимов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот