Септемвриска фестивалска офанзива

Топлото време ги поттикна организаторите и промоторите на културни настани да реализираат што повеќе фестивали и проекти во овој период. Септември секогаш бил месец на многу културни настани, но сега гужвата се создаде поради непредвидливоста на ситуацијата со коронавирусот и дадената можност, според протоколите, настаните да се одвиваат на отворен простор. Така, само оваа недела ќе се случат неколку фестивали, а други се најавуваат за следната седмица.

Минатиот викенд со мотото „Потрага по допир“ се одржа одлично издание на „Танц фест“ со дводневен танц маратон во МКЦ парк, а публиката уживаше во магијата на петнаесет авторски кореографии на домашни и гостински кореографи, кои го одбележаа 30-тиот јубилеј на македонската современа танцова сцена.

Овие денови во тек е Скопскиот филмски фестивал, „Авалон“ три дена по ред имаше концертни настани на стадионот на АРМ, во Струмица се одржа фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Во тек е манифестацијата „Звуците на чаршијата“, од 14 септември почнуваат музичкиот „Денови на македонска музика“ и книжевниот фестивал „Проза Балкан“, додека следниот викенд почнуваат филмските фестивали „Скопје синема сити“ и „Синедејс“.

Насловната фотографија е од фестивалот „Танц фест 2020“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 48, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 12-13 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот