Фото: ЗОО Скопје

Сепак е волк, а не куче – утврдиле експерти за животното кое вчера се шеташе низ Козле

По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, соопшти попладнево скопската Зоолошка градина.

Ова доаѓа откако волкот беше заловен синоќа во населбата Козле, каде слободно се движеше. Според ЗОО Скопје,дивото животно било чувано како миленик, што не е само спротивно на законот, туку е и опасно.

Фото: ЗОО Скопје

„Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го потврдија. Животното не е чипирано, измерено е дека тежи околу 25 килограми, а од страна на стручните служби беше земена и крв за биохемиска анализа и дополнителни испитувања. Волкот е млад, но неухранет и недоволно развиен за својата возраст. Во ЗОО Скопје денес излегоа и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои исто така се уверени дека станува збор за волк (Canis lupus)“, велат од Зоолошката градина.

Фото: ЗОО Скопје

„Дополнително, контактирани се и експерти и институции од повеќе европски центри и резервати за волци, со цел да се добие и меѓународна потврда и стручно мислење. Апелираме до јавноста да не се шират шпекулации и дезинформаци, туку сите заедно повеќе да работиме на едукација дека диви животни не се чуваат како домашни миленичиња на ланец. ЗОО Скопје ќе продолжи внимателно да ги следи здравствената состојба и однесувањето на животното и ќе ја информира јавноста“, се додава во објавата на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Мечка преплива цело езеро во Грција, долго 20 километри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот