Сензација во Келн, ПСЖ никако да освои титула во Лигата на шампионите

epa07967586 Paris Saint Germain's Mikkel Hansen (L) in action against Aalborg's Rene Antonsen (R) during the EHF Champions League handball match between Paris Saint-Germain (PSG) and Aalborg Handbold in Paris, France, 02 November 2019. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Денеска се одигра првиот полуфинале натпревар на Фајнал-фор турнирот во ракометната Лига на шампионите, во Келн големо изненадување приреди Алборг кој го совлада ПСЖ со 35:33.

Прв стрелец во победничките редови беше шведскиот интернационалец Клаар со осум погодоци, а на спротивната страна седум голови беа дело на Ремили.

Богатиот француски клуб, во кој се наоѓаат големите ѕвезди како Карабатиќ и Хансен, предводен од нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез повторно останува без трофеј во ЛШ.

Во текот на првото полувреме Алборг воглавно беше во негатива, ПСЖ го контролираше резултатот, неколку пати водеше со четири голови разлика (7:3, 8:4, 9:5, 10:6, 11:7).

Во вториот дел трипати Французите имаа и пет разлика (19:14, 20:15, 22:17) и наместо рутинска завршница, Алборг кој константно и брзо возвраќаше со голови, изненадувачки се врати со сите сили. При 22:17 за ПСЖ „аутсајдерот“ направи серија од 8:2 за прва предност на овој меч од 24:25.

Алборг до крајот на мечот не дозволуваше повторно неговиот ривал да дојде до предност, веќе и неколку пати дојде до два голови разлика за комплетирање на сензацијата и конечни 35:33.

Противник на данската екипа во финалето ќе биде победникот од втората полуфинална пресметка која ќе се игра вечерва од 18.00 часот помеѓу Барселона и Нант на македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот