Селма Хајек во солзи поради секс-сцените со Бандерас: Од страв не го пуштав пешкирот со кој бев покриена

DESPERADO (US 1995) SALMA HAYEK Date: 1995,Image: 43040985, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Rights Managed / Mary Evans Picture Librar / Profimedia

Селма Хајек имала 23 години кога добила улога во теленовелата „Тереза“ во 1989 година во родното Мексико. Во 1991 година, се преселила во САД со цел да го освои Холивуд, но патот до тој сон не бил лесен – имала тешкотии во учењето поради дислексијата, а недоволното познавање на англискиот јазик ѝ отежнувал да се пробие светот на актерството.

Кога во 1995 година ја доби главната улога во филмот „Десперадо“ на Роберт Родригез, настана пресврт во нејзината кариера. Главната машка улога ја толкуваше Антонио Бандерас, а Селма, како гостинка во подкастот „Armchair Expert“ кај Дакс Шепард и Моника Падман, откри дека воопшто не знаела дека со колегата ќе треба да снима „жешки“ сексуални сцени.

Profimedia

Бев апсолутно преплашена! Почнав да плачам на сетот, ми беше страв, мислев дека нема да можам… Всушност најмногу се плашев од Антонио – тој се однесуваше како вистински господин и беше толку мил, но ме плашеше таа негова слобода – сексуалните сцени за него не беа ништо, а јас плачев! – се присети актерката, која и денес е во одлични пријателски односи со Бандерас.

– Додека бев целата во солзи, Антонио ми рече: „О Боже, сега се чувствувам ужасно“. Многу ми беше непријатно! Но, и тој и режисерот беа неверојатни, на ништо не ме присилуваа и не ми вршеа притисок. Беа свесни дека тоа е малку трауматично искуство за мене, па дури се обидоа и да ме насмеат. Се сеќавам дека не го пуштив пешкирот со кој бев покриена. Ќе го тргнев на две секунди и повторно почнував да плачам! Но, некако ја снимивме сцената.
Постојано размислував за татко ми и брат ми, прашувајќи се дали ќе го видат тоа, дали ќе ги задеваат поради мене… Момците не треба да се справуваат со тоа. Нивните татковци веројатно само гордо велат: „Да! Тоа е мојот син!“ – рече Селма, пренесува Дејли мејл.

Хајек со Бандерас соработуваше и во филмовитѕе: „Беше еднаш во Мексико“, „Четири соби“ и „Фрида“, а годинава ќе ги гледаме во нова акциска комедија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот