Села би го поддржал Касами во Тетово, Гаши категорично против

Билал Касами
Биљал Касами / Фото: МИА

Двете опозициски коалициски партии на Албанците, Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива, имаат различни ставови за тоа кој кандидат да го поддржат во вториот круг во изборот на градоначалник на Тетово. Кандидатот на нивната коалиција Вулнет Мурсели ја загуби битката во првиот круг, па повеќе од 6.000 гласови што отидоа на неговото конто можат да бидат решавачки во изборот меѓу кандидатката на ДУИ, Теута Арифи, и претседателот на Беса, Билал Касами. Алијанса за Албанците смета дека „за Тетово помало зло“ е Билал Касами од Арифи, но Алтернатива е категорично против.

– Алтернатива нема да го поддржи Билал Касами на кој било начин – изјави портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани.

Координаторот на пратеничката група на коалицијата АА-Алтернатива, Скендер Реџепи, за „Слободен печат“ вели дека сите евентуални одлуки ќе мора да се заеднички. Претходно потпретседателот на АА, Елми Азири, изјави дека коалицијата АА/А е подготвена да го поддржи Касами во општина Тетово.

Партиски извори блиски до владејачките партии за „Слободен печат“ велат дека Алтернатива е подготвена да стане дел од Владата ако Касами стане градоначалник.

– Прашање е колку може опозицискиот гласач да добива наредби од партиите како да гласа. Опозицијата нема партиска клиентела и прашање е каков ефект би имал повикот за поддршка на г. Касами. Сепак, мислам дека Беса и АА-Алтернатива ќе достигнат ниво на соработка, бидејќи тоа им е во интерес – изјави за „Слободен печат“ политичкиот аналитичар Бесим Небиу.

Тој додава дека коалицијата АА-Алтернатива треба да ја преиспита својата позиција по овие избори поради намалувањето на бројот на гласови.

– По вториот круг, АА/А едвај ќе може да опстои поради лошиот резултат, особено ако Алтернатива го загуби Чаир, а Алијанса – Гостивар. Никој нема да признае неуспех, туку ќе се обвинуваат меѓусебно и ова може да биде причина за распад на оваа коалиција – смета Исени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот