Секој месец 150 социјално загрозени семејства добиваат прехранбени пакети од општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во рамки на проектот „Нула глад”, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.

Од општината соопштија дека оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад”, во соработка со здружението „Банка за храна”. Целта е, како што наведуваат, да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош.

Пакетите се делат секој месец на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25 до 30 оброци од пакет, посочија од општината и упатија благодарност до неколку маркети кои ја донираа храната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот