Сеќавање на „црниот понеделник“: Пратениците пред точно седум години жестоко се судрија во Собранието за буџетот за 2013 година

Пратениците пред точно седум години жестоко се судрија во Собранието за буџетот за 2013 година, полицијата ги делеше демонстрантите и контрадемонстрантите пред собранието, а медиумските екипи беа насилно исфрлени од собраниската галерија.

Тогашниот претседател Трајко Вељановски го нареди отстранувањето новинарите со изговор дека се обидувал да ги заштити од хаосот кој настанал во салата, иако медиумските екипи се безбедни во галеријата која е физички одвоена од салата за пратениците.

Тогашните опозициски пратеници им се заблагодарија на новинарите кои останаа да пишуваат за историјата.

Откако под палката на тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески и првата полицајка Гордана Јанкулоска, беа брутално исфрлени и пратениците, буџетот за 2013 беше донесен во отсуство на опозиција.

Настаните во законодавниот дом беа први вакви насилни настани, но не и последни. По преседанот на црниот понеделник, на медиумските екипи им се случи и крвавиот четврток на 27 април 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот