Сејдини: Најдобрата генерација во историјата на македонскиот фудбал

epa09109298 North macedonia?s players celebrate during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Germany and North Macedonia in Duisburg, Germany, 31 March 2021. EPA-EFE/THILO SCHMUELGEN / POOL

Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1.

Нашите репрезентативци одиграа одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. Натпреварот започна со доминација на Германија, но заврши со голема победа на нашата репрезентација.

Се огласи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Во објавата на неговата фејсбук страница се вели дека ова е најдобрата генерација во историјата на мак-фудбалот:

– Најдобрата генерација во историјата на Македонскиот фудбал!!! Секоја чест момци!!! Напред Македонија – напиша Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот