Сега нема роднини на Ивица Томовски во фирмата што добива државни милиони, утврди ДКСК
И покрај тоа што неговиот татко порано бил управител, а во моментов негов близок пријател е сопственик на фирмата, од Антикорупциската комисија велат дека законот е таков што во случајот нема незаконско постапување.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не утврди судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски ,со фирмата „Сити аутсорсинг“, за која од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) тврдеше дека е на неговиот татко и дека добила 161 тендер од различни државни институции во вкупна вредност од 5,3 милиони евра, пишува „Телма“.
Препорачано
И покрај тоа што неговиот татко порано бил управител, а во моментов негов близок пријател е сопственик на фирмата, од Антикорупциската комисија велат дека законот е таков што во случајот нема незаконско постапување. Антикорупционерите утврдиле и дека и покрај тоа што фирмата навистина добивала тендери од институциите, таа сепак нема земено пари од СОЗР, каде што директор е Томовски. Сепак, ДКСК смета дека јавниот интерес за овој случај е голем, па ќе дополнително ќе истражува дали на Томовски му легнувале пари на сметка од истата фирма и по кој основ.
За фирмата „Сити Аутсорсинг“ СДСМ обвини дека добила вкупно 5.3 милиони евра, од вкупно 161 тендер. Обвинија дека токму најголемите зделки главно за хигенски услуги ги направила лани, и тендерите тежеле скоро половина милион евра. Објавија и телефонски броеви за контакт од истата фирма кои водеа до името на Томовски.
ДКСК денеска потврди дека неговиот татко бил управител до 2021 година, а дека томовски три години до 2023 година бил донатор на владеачката партија, но дека се ова било пред неговото на значување за директор во јуни 2024 година.
Левица, пак, објави дека актуелниот управител на компанијата е Милчо Стрезоски од Струга, кој, како што наведе партијата, е близок пријател на Томовски. Тој по ова негираше негова вмешаност во фирмата, исто како и самата компанија „Сити аутсорсинг“.
Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра, објави СДСМ


